НАЈАВА Баерн – Реал: Веројатни состави, квоти, интересни факти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европскиот шампион Реал Мадрид е насочен кон трет последователен троумф во Лигата на шампиони, но на патот му стои Баерн Минхен кој бара одмазда за минатата година.

Баварците се желни за реванш со „кралевите“ откако минатата година беа елиминирани од Реал во четвртфиналето, но реваншот во Мадрид го одбележаа многу спорни судиски одклуки.

Баерн нема пораз на домашен терен оваа сезона, но загуби во последните 5 меча против Реал Мадрид. „Кралевите“ имаат голема самодоверба после еломинацијата на ПСЖ и Јувентус, а Роналдо е во убиствена форма и Баерн е негова омилена „жртва“ – 9 гола на 6 меча против Баварците

Историја и традиција

Баерн и Реал ќе ги одмерат силите по рекорден 25 пат. Нема други два клуба кои се сретнале токму пати во европските турнири. Статистиката до овој момент е апсолутно израмнета – по 11 победи и само две ремија, а гол разликата е 37:36 во полза на „кралскиот“ клуб.

Скоро сите дуели на овие два тима биле во елиминациската фаза. Баварците продолжиле понатаму 5 пати, додека „кралевите“ се радувале 6 пати. Само во полуфиналињата Баерн има предност бидејќи се радувал 4 пати, а Реал само 2 пати.

Интересни факти има и околу Зинедин Зидан. Француската легенда 4 пати се исправа против Баерн Минхен во елиминациската фаза од ЛШ (како играч и како тренер) и секогаш излегувал како победник.

Повреди и суспензии

За дуелот на „Алијан Арената“ Баерн нема да може да смета на повредените Мануел Ноер, Артуро Видал и Квински Коман, а под знак прашалник е и Давид Алаба.

Во отсуство на Видал и Корентин Толисо се очекува Хејнкес на средината од теренот да излезе со Хави Мартинез и Тиаго Алкантара, додека Томас Милер да делува малку поповлечено позади напаѓачкото трио Рибери, Левандовски, Робен.

Во составот на Реал се враќа Серхио Рамос кој го пропушти мечот со Јувентус. Зидан може да смета на сите свои фудбалери, па веќе се јасни 10-те фудбалери кои ќе бидат стартерни вечер. Герет Бејл сигурно нема да го почне мечот, а единствената дулема е дали да почне со Бензема или Асенсио.

Анализа: Мартинез е клучот на Баерн Минхен

Иако двата тима имаат фантастични напади и офанзивни квалитети, сепак овој дуел ќе се добива на средината од теренот. Во тој поглед голем хендикеп за Баварците е отсуството на „војникот“ Артуро Видал, но во негово отсуство клулна улога ќе игра Хави Мартинез.

Шпанецот секогаш имал клучна улога во шемите на Хејнкес, а оваа сезона се врати во својата препознатлива форма. Негова задача ќе биде да ја прекине врската Модриќ – Иско – Роналдо, односно да го прекине протокот на топки до нападот.

Секоја пресечена топка на средината на теренот ќе биде опасност за „кралевите“ бидејќи Баварците имаат врза транзиција према напад, особено по крилните позиции.

Интересни факти:

-Во секој од последните 7 меча на Реал Мадрид во ЛШ беа постигнати повеќе од 2.5 гола.

-Реал победи на последните три меча како гостин против Баерн и општо на последните 5 меча.

-Роналдо има постигнато вкупно 7 гола на последните 3 меча против Баерн Минхен и вкупно 9 во 6 натпревари.

-Баерн е во серија од 8 меча без пораз во Лигата на шампиони.

-Баерн не прими гол на 4 од последните 5 домашни натпревари во ЛШ.

Веројатни состави:

Баерн Минхен: Улрих – Кимих, Боатенг, Хумелс, Алаба – Мартинез, Алкантара, Милер – Рибери, Левандовски, Робен.

Реал Мадрид: Навас – Карвахал, Рамос, Варан, Марсело – Модриќ, Каземиро, Крос – Иско, Бензема, Роналдо.

Според букмејкерите Баерн е фаворит во овој меч, па така коефициентот за победа на Баварците според Coinbet24 изнесива 1.99 за реми 3.60 додека за победа на Реал коефициентот е 3.65.