Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници Фондот за иновации и технолошчки развој ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.
Фондот за иновации и технолошки развој во претходните три години поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување. Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија бидејќи тие се економскиот и општествениот двигател кои со својата визионерска стратегија ги поставуваат новите можности, пазари, потреби и решенија.
Нивните успеси треба да се наградат и промовираат како позитивен примерво секторот, и затоа на 25 јануари 2017 година од 16.30 часот до 17.30 часот во Клуб на пратеници ќе им додели признанија на првите 9 стартап претпријатија кои успешно ги завршија проектите поддржани од Фондот.
Настанот ќе го отвори директорката на Фондот за
иновации и технолошки развој Јасмина Поповска како и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.