Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Saudi Aramco, една од најголемите нафтени компании планира да ангажира странски експерти од областа на обновливата енергија.
Оваа компанија сака да вложи сериозна сума од 5 милијарди долари во производството на обновлива зелена енергија. Во државата Саудиска Арабија планирано е производство на 10 гигавати електрична енергија од обновливи извори, пред се соларна енергија, но и енергија добиена од турбини на ветер, па дури и нуклеарна. Сето ова планира да се оствари до 2023 година, пренесува СмартПортал.
Претседателот на Saudi Aramco, кој воедно е и министер за енергија во Саудиска Арабија, на светскиот економски форум во Давос, Швајцарија изјави дека неговата држава планира да стане една од водечките во светот на обновливата енергија и дека до 2030 година планира 30 проценти од вкупното производство во државата да биде покриено со овој вид на електрична енергија. Моментално во Саудиска Арабија, покрај некои индивидуални проекти, единствениот извор на зелена енергија се наоѓа токму во компанијата Saudi Aramco. Тоа е 10 мегаватен проект кој е сместен на кровот на паркинг гаража во компанијата.
Јавната установа Saudi Electricity планира за прв пат да изгради две соларни централи кои ќе произведуваат вкупно 100 мегавати електрична енергија. Претходно оваа држава имаше планови на подолг рок кога станува збор за овој вид на енергија, дури и кога цените беа дупло повисоки отколку што се денес. Планирано било вложување на цели 100 милијарди долари во производство на соларна енергија кое би резултирало со 40 гигавати електрична енергија. Овој проект било планирано да се реализира до 2040 година.