Нафтениот гигант „БП“ го продава имотот на Алјаска за 5,6 милијарди долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во изјава која ја пренесоа за медиумите и јавноста, британскиот нафтен гигант „БП” соопшти дека го продава комплетниот свој имот на Алјаска на американската компанија „Хилкорп Алјаска“ за 5,6 милијарди долари. Купопродажната зделка треба да биде комплетирана 2020 година.

Покрај останатато, „Хилкорп” станува сопственик и на геолошко-истражувачкото одделение на „БП” во сојузната држава и плус удел во нафтоводот Транс Алјаска.

Извршниот директор на компанијата, Боб Дадли, изјави дека активносите на Алјаска биле значаен дел од работата на „БП” речиси 6 децении и дека многу придонеле во економијата на сојузната држава и енергетската стабилност на САД.

„Сепак, нашата цел е трансформација на структурата на „БП” и моментално се создаваат други возможности, како во САД така и низ целиот свет, што во најголем дел се совпаѓаат со нашата долгорочна стратегија“, изјави Дадли.

Прочитајте и… Уапсени се директорот на „Дајрект медиа“ и двајца вработени во маркетингот на РТС
Активностите на „БП” на Алјаска датираат од 1959 година. Тамошните наоѓалишта се сметаат за едни од најголемите копнени резерви на нафта и гас на територијата на САД. Моменталните резерви таму се оценуваат на 13 милијарди барели сурова нафта.