Нафтен склад во рускиот град Белогорд во пожар – Русите обвинуваат дека станува збор за украински напад


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Магацин за нафта во рускиот град Белгород вивнал во пламен, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ја обвинува украинската армија дека извршила воздушен напад со помош на два хеликоптери.

Тој претходно изјави дека двајца се повредени, но не се во животна опасност. Жителите од околните улици се евакуирани додека пожарникарите се справуваат со пожарот, рече тој.

Руската државна агенција РИА Новости објави дека горат осум цистерни со гориво во магацинот, а постои закана пожарот да зафати уште осум.

Ова се случува само два дена откако во регионот, исто така, се случија експлозии во објект за складирање оружје.

Украина засега не презеде одговорност за ниту една од експлозиите. Огромни облаци чад се гледаат на видеото што на Твитер го објави Некста.

Белгород се наоѓа на околу 30 километри од украинската граница и 60 километри од украинскиот град Харков, кој е бомбардиран од руските трупи од почетокот на војната.