Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За три-четири недели од денес, во светот нема веќе да има место за складирање на нафтените резерви, изјави сопственикот на една од најголемите енергетски компании Гунвор Торборн Торнквист.
Место во моментов речиси нема во магацините и танкерите. Препродавачите активно купуваат нафта на пазарот, бидејќи чини помалку. Тоа ќе им овозможи да остварат дополнителен приход – нафтата што е купена евтино подоцна ќе ја препродадат по повисока цена со одложена испорака.
Според Торнквист, доколку вкупното намалување на производството на нафта по договорот на ОПЕК плус остане на нивото од 12-13 милиони барели дневно, нема многу да се промени. Директорот на компанијата Гунвор објасни дека во април понудата е поголема од побарувачката за 25 милиони барели.
Рафинериите на нафта во Русија исто така нема да имаат каде да ги складираат дериватите, па ќе бидат принудени да изнајмуваат цистерни од железницата. Меѓутоа, од технички причини невозможно е да се сопре производството, пишува Раша тудеј.
ОПЕК плус во неделата одобри ново намалување на производството на нафта од нивото од октомври 2018: за 23 отсто во мај-јуни, 18 отсто – до крајот на 2020 и 14 отсто до крајот на април 2022 година.
Во првата фаза групата ќе го намали производството за 9,7 милиони барели на ден, потоа за 8 и 6 милиони. За Русија и Саудиска Арабија референтната основа ќе биде 11 милиони барели на ден.
Мексико инсистираше на посебни услови и ќе го намали производството за само 100 илјади барели на ден во мај-јуни, додека остатокот ќе го компензираат Соединетите Држави.