Наемодавецот кој бара секс наместо пари за кирија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во утринската емисија This Morning гостуваше еден интересен типац кој се претстави како наемодавец кој наместо пари за кирија, бара сексуално задоволство, па реши своето „фантастично животно искуство да го сподели со останатите“ и тврди дека ваквата „економија базирана на размена на ресурси“ не го чини перверзен.

Типот сакаше да остане анонимен и во текот на интервјуто седеше свртен со грб кон камерите. Во разговорот со водителите откри дека во морето жени спремни на ваков кираџиски договор често го контактираат и малолетнички кои нормално ги одбива и ги пријавува во социјалните служби.

„Јас барам договор и разбирање. Искрен сум во она што го говорам и нудам и никого не лажам. На жените им нудам живот, многу повеќе од полн фрижидер и тие уживаат во тоа. Со многу од нив сум уште во контакт. Не сум перверзник, тоа е договорена врска. Знам дека имам фантастичен живот и сакам да го споделам тоа“, вели наемодавецот и додава дека никој не може да го казни поради тоа бидејќи во договорот секогаш се вклучени само возрасни лица.