Надзорна мерка во Јужна Кореа: Нараквици за следење на движењето за непослушните граѓани

People wearing masks to prevent contracting the coronavirus wait in line to buy masks at a department store in Seoul, South Korea February 27, 2020. REUTERS/Heo Ran

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јужна Кореја во план е да воведе електронски нараквици за следење на движењето на оние граѓани кои ги кршат правилата за изолација во рамки на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Чунг Сју-кјун рече дека овие мерки биле воведени поради загриженоста за бројот на лица што ги прекршуваат правилата, јави новинската агенција Јонхап.

Нараквиците ќе можат да ги следат движењата на изолираните луѓе и нивните мобилни телефони. Властите во Јужна Кореја веќе имаат апликација за да ги следат луѓето во самоизолација.

Земјата објави 30 нови случаи во петокот, три повеќе од претходниот ден, соопштија здравствените власти. Во земјата се пријавени 10.480 заразени лица, а 211 починале.

Помина скоро една недела откако бројот на заразени случаи на ден е помалку од 50 случаи, што укажува на постојан пад на нови заразени случаи и остар пад од 900 случаи на ден на крајот на февруари.

Здравствените власти на Јужна Кореја сè уште се загрижени за бројот на увезени случаи на заразени, патници кои пристигнуваат во земјата.

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC) исто така во петокот објави дека 91 веќе закрепнати лица се повторно позитивни на вирусот.

Планирано е тестирање да се провери дали закрепнатото лице има антитела и дали тие сè уште се заразни.