Надреално искуство: Дигитална изложба на дела од Винсент ван Гог


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Животот и делото на Винсент ван Гог се во фокусот на неверојатното искуство што на посетителите им го овозможува „Ателие де Лимиер“, првиот музеј на дигитална уметност во Париз.

Со помош на технологија и во комбинација со современа музика, стотици дела на холандскиот сликарски мајстор Винсент ван Гог беа проектирани на првата дигитална изложба на овој уметник која беше реализирана во поранешната леарница, а денес уметничко ателје „Ателие Лумие“ во Париз.

Парискиот музеј беше отворен во април минатата година и првата изложба привлече повеќе од 1,2 милион посетители.

„Боите и мотивите на Ван Гог се совршени за едно вакво искуство. Неговите дела ја трансформираа историјата на уметноста, и дигиталната технологија е можеби најдобриот начин да се разбере неговиот свет“, вели директорот на музејот, Бруно Моние.