Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
13-годишниот Коста Кецмановиќ, основецот кој во средата, во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби осум свои врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ, а рани седум лица, до детаљ го испланирал масовното убиство, а истражувал и како да избегне затвор, покажало вештачењето на неговиот телефон, објави Блиц.
Како што е утврдено, 13-годишникот еден месец го планирал масовното убиство, а она што е утврдено преку неговиот телефон е дека непосредно пред злосторството на интернет го пребарувал кривичниот закон на Србија за да истражи дали деца можат кривично да одговараат.
„Врз основа на истрагата се заклучува дека нападот на училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-от роденден му остануваат нешто повеќе од два месеци и дека му останувало уште толку време да биде кривично неодговорен ако го изврши злосторството“, кажал за Блиц извор запознаен со случајот.
Исто така е утврдено дека Коста ноќта пред масовното убиство гледал американски филм за масакр во училиште во САД.
Веселин Милиќ, началникот на Полициската управа на Белград, по убиството објави дека Кецмановиќ нападот го планирал еден месец.
„Плански и организирано ова било планирано еден месец“, кажа тој. Милиќ покажа и листа на деца која убиецот ја направил и планови на училиштето на кои ги одредил „приоритетните мети“. „Скицата изгледа како од видеоигра и хорор филм, што укажува дека детално планирал како да влезе во која училница“.