Надежта почнува со херој: Нов трејлер за „Captain Marvel“ со нови детали за главната хероина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ликот на суперхеројот во најавениот филмски хит „Captain Marvel“ доби предизвик да го толкува жена. Улогата на Капетанот Марвел ќе ја толкува Бри Ларсон.

Дејството на приказната е сместено во деведесеттите години и ја следи Керол Данверс (Бри Ларсон) како станува еден од најмоќните суперјунаци, поточно најмоќната суперхероина во универзумот.

Во новиот трејлер за најавениот филмски хит, се откриваат нови детали поврзани со овој анимиран лик оживеан на филмското платно. Керол му открива на Ник Фари, кој го глуми Семјуел Л. Џексон, дека на Земјата се наоѓаат вонземјани кои се нарекуваат Скрулови. Исто така, таа мора да му докаже дека самата не е Скрул.

Нејзиниот ментор и водач на елитната единица Старфорс го глуми Џад Ло. Она што е интересно во врска со овој филм е фактот дека истиот говори за настанувањето на еден суперхеројски лик.

Режисери се Ен Боден и Рајан Флек, а сценариото е потпишано од Мег ЛеФов, Никол Перлман, Женева Робертсон-Дворет, Лиз Флахајв, Карли Менш, како и Боден и Флек.

Премиерата е закажана за 8 март, 2019 година.