Надал со победа го одбележа јубилејниот 100. меч на Ролан Гарос


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со победа во три сета Рафаел Надал триумфираше против италијанскиот тенисер Јаник Синер и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос каде ќе игра против Шварцман.

Ова за Надал беше 100. меч на Ролан Гарос и дојде до неверојатната 98. победа, кралот на земјината подлога само два пати загубил на овој голем грен слем турнир.

Синер му пружи силен отпор на Надал во првиот сет, Шпанецот го доби дури по тајбрејкот со 7-6 (7-4), потоа работите подобро се движеа за Рафа, вториот сет го зема со 6-4, а во третиот беше убедлив 6-1.

Во полуфиналето Надал ќе игра против Диего Шварцман кој со 3-2 беше подобар од Доминик Тим.