Надал го освои 19-тиот Грен Слем, а потоа едно видео го расплака


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Епско финале на УС Опен одиграа Рафаел Надал и Данил Медведев. На крајот до 19-тата Грен Слем титула стигна легендарниот Шпанец, пишува Спортски.мк.

Финалето се решаваше во пет сета, Надал водеше со 2:0, но Медведев се врати и изедначи на 2:2. После возбудлив петти сет Надал успеа да слави.

Со овој 19-ти Грен Слем Надал стигна на само еден помалку од Роџер Федерер.

Кога се доделуваа пехарите на големиот екран одеше видео посветено на Надал со претходно освоените Грен Слем титули.

Во тој момент Надал не можеше да ги задржи емоциите и се расплака…