Над 30 бесплатни концерти на ПИН фестивалот во организација на „Таксират“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Таксират наскоро ја започнува големата прослава на исчекор кон 20-ката на фестивалот и тоа со меѓународната ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал која од 30 ноември до 2 декември ќе се одржува во МКЦ – родното место на Таксират.

Само во рамки на концертната програма, ПИН во Скопје претставува повеќе од 30 музички артисти чии концерти и настапи ќе се одржуваат со бесплатен влез за посетителите. Во чест на 20 години алтернатива во Македонија, овој единствен кај нас, европски музички собир го акумулира во Скопје музичкиот талент од меѓународната сцена и бројни македонски артисти кои го заслужуваат глобалното внимание.

Отворањето ПИН шоукејс фестивалот ќе се одржи на 30 ноември со концертот на австралиско-американскиот бенд „Лајрс“ – eксперименталниот андергарунд арт-рок состав кој британскиот „Гардијан“ го нарекува и „господар на ексцентричната електроника“, а кој ќе настапи на ПИН во рамки на светската турнеја за својот нов студиски албум. Вечерта ќе ја отвори македонскиот бенд „Палиндром“, триото посветено на необично комбинирање на две бас гитари и тапани кои ескалираат во микс од различни жанрови.

Покрај веќе најавените настапи, во програмата за втората концертна вечер на ПИН се приклучуваат и повеќе македонски бендови, како „Фолтин“, „Поган Поган“, „Баклава“, „Културно уметнички работници“ и „Контакт 59“.

На 2 декември, третата и последна концертна вечер на ПИН, во МКЦ луѓето ќе уживаат во настапите на Дебели прецједник“ од Хрватска. Регионалната сцена оваа вечер ќе ја претставува и српскиот фолк/инди/рок/американа/поп бенд „Стреј дог“ од Белград. Од Австрија на ПИН доаѓа „АТ Павиљон“ – групата чии моќни пораки ги направија познати како бенд кој сака да ги користи своите вештини во танцувањето, против социјални и морални неправди. Звукот на македонската сцена во саботната вечер на ПИН ќе го претставуваат „Свит рапскалионс“ – младиот состав со автентичен и вистински романтичен израз вграден во мајсторски ткаени амбиентални ритмови и теми, кои се движат од естетиката во ноар филмовите до индустрискиот и авант-поп звукот, како и „Кепурдат“ – бендот од Тетово.

Покрај овие бендови, на 2 декември своите настапи на ПИН претходно ги потврдија македонските сајберпанк пионери „Киборг“ и извонредниот извонредниот хармоникаш од Швајцарија, Марио Батковиќ кој на меѓународната музичка сцена поставува нови стандарди кога е новата музика.

И тоа не е сѐ! Журката за затворање на ПИН шоукејс фестивалот во МКЦ е посветена на прогресив транс музиката, а ќе ја предводи еден од повлијателните и продуктивни македонски продуценти во овој жанр Егоритмија кој својот интернационален успех го остварува уште од 2008 година, соработувајќи во меѓувреме и со врвни музички продуценти. Заедно со Егоритмија, пултот на ПИН оваа вечер ќе го делат и DJANTRIX македонскиот истакнат психоделичен диџеј кој како индивидуален уметник еволуираше со сериозен и софистициран фокус на интелигентна музика, и SPIRIT ARCHITECT.

Сите концерти и настапи на ПИН кои ќе се одржуваат во МКЦ од 30.11 до 2.12 се со бесплатен влез за посетителите.