Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмалку 273 лица загинаа, а 262 се повредени во катастрофалните лизгања на земјиштето во југозападниот колумбиски град Мокоа, изјави претседателот Хуан Мануел Сантос.
Тој потенцира дека меѓу загинатите 43 се деца.
Колумбискиот претседател смета дека за оваа трагедија се винони климатските промени, а во Мокоа е прогласена вонредна состојба.
До поплави и лизгање на земјиштето дојде во петокот навечер со излевање на трите реки по обилните дождови, кои со себе носеле делови од карпи, камења и уриваа куќи и патишта главно во југозападната провинција Путумајо.
Ова е една од најголемите природни катастрофи што и се случиле на Колумбија, која е често подложена на обилни дождови. Во 2015 година во лизгање на земјиштето загинаа околу 80 луѓе. Сепак, најголемата трагедина се случи во 1985 година кога во Армеро загинаа 20.000 луѓе.