Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украинската војска измината ноќ работеше на евакуација на преостанатите борци од подземните тунели на челичарницата Азовстал во Мариупол, каде тримесечното руско бомбардирање го остави опколениот пристанишен град во урнатини.
Украинските власти соопштија дека повеќе од 260 борци биле евакуирани. Педесет и тројца тешко повредени се пренесени во болница во Новоазовск, источно од Мариупол, пренесува Гласот на Америка.
Новоазовск е под контрола на руски војници и сепаратисти поддржани од Русија.
Други 211 борци биле префрлени во градот Оленивка, област која исто така е контролирана од сепаратистите поддржани од Кремљ, и ќе бидат предмет на потенцијална размена на затвореници со Русија. За време на неговото ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател се осврна за евакуацијата на војниците од Мариупол. „Сакам да нагласам – на Украина и се потребни, живи украински херои. Ова е нашиот принцип“, рече Зеленски.
Во Вашингтон, високиот американски функционер од одбраната изјави дека има информации за ужасна артилериска борба во Доњецк. „Знаеме дека Русите продолжуваат да имаат загуби“, рече тој и додаде дека „губат опрема и системи секој ден“. Западните земји сојузници со Украина продолжуваат да испраќаат повеќе оружје до силите на Киев, со 10 испораки од седум земји во изминатите 24 часа, изјави американскиот официјален претставник за одбраната.
Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека Москва ќе одговори дали ќе го засили военото присуство на границата со Финска и Шведска откако двете нордиски земји објавија дека сакаат да се приклучат на западната воена Алијанса во која доминираат САД.
„Финска и Шведска се веќе најблиските партнери на НАТО“, рече заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Џоана во Берлин, каде што членките се состанаа за да разговараат за нивната континуирана поддршка на Украина против руската инвазија и проширувањето на Алијансата