Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Над 250.000 лица учествуваа на Парадата на гордоста која се одржа на улиците од израелскиот град Тел Авив, на која учество зеде и новиот израелски министер за правда, Амир Охана, со неговиот партнер.
„The Jerusalem Post“ зборувал со Томер Версаче, која кажала дека се надева дека љубовта ќе се ослободи и дека ќе има слобода.
„Да може да бидеш кој сакаш да си без да те осудуваат и без лицемерие“ – додала таа.
Тел Авив е град кој ги прифаќа припадните на ЛГБТИ, но во Израел има многу права кои не им се овозможени на лицата од оваа заедница.
Градоначалникот на Тел Авив беше на чело на маршот и ја предводеше годинешната парада.