Home Актуелно Над 2 милиони во Бразил и над 1 милион евидентирани случаи на КОВИД-19 во Индија

Над 2 милиони во Бразил и над 1 милион евидентирани случаи на КОВИД-19 во Индија

Во моментов, в Индија има 1 милион потврдени случаи на новиот коронавирус, а во Бразил 2 милиони.

И покрај зголемувањето на дневната стапка на заразени, стапката на смртност во Бразил главно е рамна. Но во Индија бројот на луѓето што секојдневно умираат од ковид-19 се зголемува.

Во Бразил дури и додека во најголемите и најпогодени градови епидемијата слабее, се појавуваат нови жаришта на вирусот во целата земја. Вкупната бројка на мртви е 76.000.

Индија досега има вкупно 25.000 мртви и 600.000 оздравени.

Над 590.000 луѓе низ целиот свет го загубија животот во пандемијата, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Речиси 14 милиони луѓе на глобално ниво се заразени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…