Над 130 уапсени лица кои биле вклучени во изградба на зградите кои се урнаа во разорните земјотреси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Турција се приведени или издадени налози за апсење на луѓе кои наводно биле инволвирани во изградбата на зградите кои се урнаа во разорните земјотреси на почетокот на неделата. Околу 130 луѓе засега се осомничени како соучесници во изградбата на зградите кои се урнаа во смртоносните земјотреси во Турција.

Синоќа турскиот потпретседател Фуат Октај кажа дека се издадени налози за апсење на 131 лице за кои се сомнева дека се одговорни за уривање на зградите.

Министерот за правосудство вети дека ќе ги казни сите одговорни, а обвинителите почнаа со истраги и собирање докази за материјалите користени во изградбата.

Властите во покраината Газијантеп исто така уапсија две лица за кои се сомнева дека урнале столбови за да направат дополнителен простор во зграда која се урнала, јави агенцијата Анадолу.

Министерството за правосудство сега најави дека ќе формира „канцеларија за истрага на злосторствата во земјотресите“.

Претходно беше јавено за 98 приведени за грабежи по земјотресот.