Над 120 милијарди пазарна загуба на Фејсбук во вториот квартал од 2018


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумскиот и маркетиншки гигант од областа на социјалните мрежи, популарниот Фејсбук, доживеа загуби речиси една петтина од вредноста по крајот на берзанското тргување вчера, откако финансискиот извештај на компанијата не ги оправда очекувањата и покажа дека растот на потрошувачите се забавува. Слабите резултати исто така ги загрижија и инвеститорите.

Акциите на „Facebook“ паднаа за околу 7% веднаш по објавувањето на финансиската состојба на компанијата, по што падот се продлабочи на над 20%. Речиси 34 милиони акции на компанијата ги сменија сопствениците, што е далеку над просекот од 17 милиони акции дневно во последниот месец.

Ако ова поевтинување на акциите се задржи и во денешната сесија, „Facebook“ ќе изгуби над 100 милијарди долари од пазарната капитализација и ќе го избрише растот на цената на акциите од почетокот на годината. На крајот на тргувањето, акциите на „Facebook“ се тргуваа со пад на цената од 20% на 173,50 долари по акција.

Акциите на компанијата закрепнаа од падот претходно во годината по скандалот со „Cambridge Analytica“. Намалените приходи и растот на корисниците сепак, во комбинација со предупредувањето од раководителите на компанијата дека овој тренд ќе продолжи, изгледа ставија крај на доброто претставување на акциите.

Компанијата со седиште во Менло Парк, Калифорнија, најави 5.12 милијарди долари нето добивка за кварталот, или 1,74 долари заработка по акција, во споредба 3.89 милијарди долари, или 1.32 долари по акција, за истиот период од пред една година. Претходните очекувања на аналитичарите беа заработка по акција од 1,71 долари.

Добивката, сепак, не се она што им пречи на инвеститорите. „Facebook“ објави продажба од 13,04 милијарди долари, што е за 41,9 отсто повеќе на годишна основа, но беше помала од очекувањата на аналитичарите. Растот на потрошувачите останува непроменет во САД и Канада и опаѓа во Европа во споредба со претходниот квартал.

Цената на акциите на компанијата, сепак тргна нагло надолу откако финансискиот директор Дејвид Венер објави дека од компанијата очекуваат забавување во растот на приходите да продолжи.

„Стапката на раст на нашите вкупни приходи ќе продолжи да опаѓа во втората половина од 2018-та година“, рече Венер. Тој, исто така, објави дека „Facebook“ очекува зголемување на трошоците за 50-60% во споредба со претходната година.

Личното богатство на Марк Закерберг, извршниот директор на „Facebook“, се намали за 16,8 милијарди долари, како резултат на падот на цените на акциите. Ако остане вака до затворањето на берзата денес, тој ќе падне од третото на шестото место во индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Исто така, тоа ќе го избрише целото зголемување на богатството од 13,7 милијарди долари во 2018-та година, кое ќе падне на помалку од 70 милијарди долари.

Извор: Денар.мк