Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последните седум дена, во Македонија, над 100 лица починаа од Ковид-19. Вкупно 22 лица се починати како последица од коронавирусот во последниве 24 часа, од кои кај 18 се регистрирани коморбидитети, а деветмина се целосно вакцинирани, пренесува Дојче Веле.
Ако на 10 јануари во земјата имаше околу 10 илјади активни случаи, за 14 дена, бројката е двојно зголемена. Според последните податоци на Министерството за здравство, бројот на активни случаи изнесува 20.571. Последното деноноќие има 718 новозаразени од 3.044 тестови, а од новите позитивни 95 се реинфекции.
Постојат многу причини, а малку одговори за високата смртност од Ковид-19 во Македонија. Епидемиолозите сметаат дека задоцнетото одење на лекар и хроничните болести на пациентите се најчести причини за високата смртност. Како важен фактор се наведуваат и немањето протоколи за лекување, состојбата на пациентите, начинот на кој се организира здравствениот систем, а голема улога имаат и превентивните мерки.
Граѓаните, пак, коментираат дека немањето доволно здравствен кадар, лошите здравствени навики, неквалитетниот начин на жживот што доведува до слаб имунитет, нефункционалното здравство, непочитувањето на мерките и препораките, како и големиот број на невакцинирани лица – сето тоа имало свој удел во поразителните податоци, според кои Македонија во светски рамки се најде високо на листата по смртност за време на целата пандемија.
Како резултат на новиот сој Омикрон, кој забрзано се шири, инфективните одделенија повторно се полнат со пациенти. Бројката на новозаразени речиси секој ден опасно се приближува до две илјади позитивни, а не спласнува ниту бројот на починати. За само шест дена над 80 лица ја изгубија битката со Ковид-19, од кои повеќето се невакцинирани. Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на ковид-19. Вкупно дијагностицирани лица досега се изнесува 256.996, од кои оздравеа 228.736, починаа 8.240, а активни се 20.020 болни.
За споредба, во Словенија, каде за 24 часа се регистрираат и по речиси 14.000 заразени од Ковид-19, бројката на починати во земјата е далеку помала од Македонија – досега се регистрирани 5.773 смртни случаи кај Словенците. Далеку поголема смртност има во Србија и во Хрватска, каде на пример последниве денови имаше и по 44 починати во дневната статистика.
Македонските здравствени власти во повеќе наврати посочуваа дека тоа што земјата е високо на листата по смртност во регионот се должи на пристапот во евидентирањето на секој што починал, а притоа бил позитивен на коронавирусот. Па така, некој што починал од малигна или бубрежна болест, а при тоа бил и позитивен на Ковид-19, влегува во евиденцијата како жртва на коронавирусот.
Еден од најсерионите проблеми е и што изминативе две години, притиснати од пандемијата, во втор план се потиснаа сериозните заболувања со коишто се соочуваат граѓаните. Во сенка на пандемијата, многу пациенти чекаат на лекување. Но, поради нередовни контроли и грижа за здравјето, многу малигни и слични болести прогресираа и резултираа со смртен епилог.