Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над 10 милиони Украинци биле принудени да ги напуштат своите домови во нивната татковина, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
„Меѓу одговорностите на оние кои водат војна, насекаде во светот, е страдањето нанесено на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони избегаа – или се раселени внатре во земјата или како бегалци во странство“, напиша Гранди на Твитер.
Според бројките обезбедени од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во петокот, 6,48 милиони луѓе се внатрешно раселени до 16 март.