Начелен договор меѓу Владата и „исклучените“ за уставните амандмани – денес конечен став


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Владата и осумте пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ и формираа нова пратеничка група синоќа постигнаа начелен договор околу амандманите за уставните промени.

Средбата помеѓу нив и премиерот Зоран Заев траеше околу еден час. Заев изјави дека деталите се заокружени и очекува поддршка од пратениците. Не можеше да прецизира колку точно амандмани ќе произлезат но тврди дека со договореното се гарантира идентитетот.

Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. Повтори дека се однесуваат на зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.

За барањето на ДУИ во амандманите да биде содржан и Рамковниот договор Заев не одговори конкретно, образложувајќи дека тоа дополнително ќе се утврдува.

Било разговарано и за телото за помирување за кое Мукоски рече дека од понеделник треба да почне да функционира и ја повика неговата матична партија да учествува во него.

Останува уште да се утврди форматот на амандманите односно дали барањата на независните пратеници ќе се инкорпорираат во владините или пак тие ќе ги поднесат посебно. Владата тоа ќе треба да го утврди на седница, да го прецизира конечниот текст и да ги достави до Собрание.