На Заев и Ципрас им ја доделија Наградата за мир на Вестфалија за 2020 година за потпишување на Преспанскиот договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот македонски премиер Зоран Заев и бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас ја добија Меѓународната награда за мир на Вестфалија за 2020 година за потпишувањето на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се реши долгогодишниот спор за името.

На свечената церемонија во Мунстер, наградата им ја врачи претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

„Преспанскиот договор е пресвртната точка во нашиот регион. Иднината беше водечката идеја во текот на целиот процес. И двете страни ги прифатија компромисите, создадовме атмосфера за отворено да разговараме за сите прашања, дури и кога се мислеше дека тоа е невозможно. Рековме дека нема да дозволиме процесот да заврши без решение. Одлучивме со Алексис да најдеме решение, а не да го одолговлекуваме процесот. Целосно бевме свесни дека ги изложивме нашите политички кариери на ризик, но поважна ни беше иднината и затоа најдовме решение. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа“, кажа Заев по добивањето на наградата.

Договорот од Преспа беше потпишан на 17 јуни 2018 во преспанското место Нивици, Грција, земјава доби ново уставно име Северна Македонија, со македонски јазик и идентитет, со што се деблокираа евроатланските интерграции и Македонија стана членка на НАТО, а ЕУ одобри отворање на пристапните преговори за членство.