На задоволство на веганите – најавени првите лабораториски произведени вегански јајца


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дочекавме да го видиме и тоа чудо – во светот лабораториски да бидат произведени јајца кои ќе ги задоволат вкусовите на посветените и непоколебливи вегани.

„Клучните состојки сè уште се формираат и наскоро ќе бидат откриени. Проблемот со кој се соочуваме е да ја пронајдеме вистинската рамнотежа на состојките за да ја направиме вистинската формула“, велат биолозите Филипин Солие и Шерилин Тавазук.

Две Французинки осмислија револуционерна веганска замена за јајце, направена во лабораторијата од страна на биолозите од Париската школа за индустриска биологија.

Овие јајца ќе бидат пуштени на пазарот веднаш штом нивните тестирања ќе добијат „зелено светло“ за да можат да гарантираат дека тие се нутритивно одржливи. Целта е јајцата да стигнат на пазарот кон средината на 2020 година.

Вегенските јајца ќе се конзумираат на ист начин како и кокошкините.

Лушпата е сè уште во процес на изградба. Во тек се консултации со експерти за да се избере најздравата опција.

Во споредба со пилешкото јајца, веганските содржат околу 10 проценти помалку протеини и маснотии, помалку се калорични и содржат диетални влакна. Што се однесува до вкусот, тешко е да се опише затоа што јајцето има суптилен вкус, да речеме дека вкусот на овие јајца е посулфурен од кокошкините.

„Кога започнавме да создаваме вегански јајца, најкомплицирано ни беше да направиме јајца што ќе реагираат исто како оние од кокошка кога се готват“, велат биолозите за тешкотиите со кои се соочиле.

„Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го отежнува процесот на копирање“, додаваат тие.

Тимот се надева дека новите јајца ќе бидат добра замена за оние кои се одлучиле за вегански начин на исхрана.