Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
YouTube Music и YouTube Premium на светскиот пазар ќе бидат достапни од 22 мај. Google најави дека YouTube од следната недела ќе има свој сопствен сервис за „streaming“ музика, бидејќи над една милијарда корисници веќе ја користат оваа платформа за слушање музика.
YouTube Music на своите корисници ќе им нуди еден куп музика, плејлисти, ремикси, кавер верзии и настапи во живо кои YouTube ги складирал и собирал со години. Поради оваа богата архива, YouTube на пазарот на кој доминираат Spotify и Deezer излегува со голема предност.
„YouTube е сервис за гледање видеа, не само за музика. На 22 мај ќе го промениме тоа и ќе ви го претставиме YouTube Music, платформа за слушање музика која ќе ги има сите карактеристики и предности кои ги има YouTube, а светот на музиката ќе можете да го истражувате на најлесен и најзабавен начин“, најавија од оваа платформа.
Најавија и бесплатна верзија на која ќе мора да трпите огласи и реклами, но и Premium везија без комерцијални објави која ќе се плаќа десет долари месечно.
Освен Music, стигнува и YouTube Premium, верзија на YouTube без комерцијални огласи и реклами која досега се нарекуваше YouTube Red.