На YouTube објавена снимка од разговор на осудени за 27 април кои наводно спремаат ликвидација на Заев


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На аудио-снимка во траење од шест минути – разговор меѓу две лица за кои во насловот се тврди дека се Јане Ченто и Горан Ќосето, двајцата осудени за упадот во македонското собрание на 27 април, прикачена на мрежата „Јутуб“, се слуша најава за ликвидација на премиерот Зоран Заев и неговата фамилија, објави „А1он“.

Според мејлот кој го добиле од а1он и насловот на разговорот, се тврди дека на снимката наводно разговараат двајца од осудените за „27 април“.

Не е разбирлив целиот разговор поради слабиот тон, но во дел од него зборуваат: „Заев ќе биде изрешетан ко куче“, „ќе му вратам последно да е“, „јас сум спремен да лежам доживотно“ „ако треба ќе умрам“.