Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На Водно беше запрена работата за пробивање на трасата на гасоводот што минува низ сртот на планината, а која треба да стигне до Гостивар.
Проблем претставува шумата која се наоѓа на самата линија од трасата – па сега Градот Скопје ќе преговора со Македонски енергетски ресурси за обесштетување за дрвјата што ќе се сечат, дознава ТВ 24.
Државната компанија МЕР испланирала дел од гасификацијата на Македонија да поминува по сртот на Водно. Ако трасата поминува подолу ќе треба да се прави експропсијација на земјиштето, што ќе ја чини дрќавата многи пари, а пари нема.
Сепак, официјaлно од градот Скопје велат дека не биле запознаени со почетокот на градежните активности на локацијата.
„Направена е минимална штета и во моментот градежните активности се целосно стопирани. Градот Скопје , Владата и МЕР ќе формираат работна група за надминување на недоразбирањето и понатаму заеднички ќе одлучуваат“
Од државната компанија МЕР, која се јавува како инвеститор – велат дека, уште од декември 2016 година имаат правосилно одобрени за градба за трасата Скопје-Тетово-Гостивар.
„Заради загриженоста на град Скопје за влијанието врз животната средина, во тек се консултативни состаноци со сите надлежни институции за да избегне штетно влијание врз животната средина.“
Инаку, пред две години тендерот за работа на трасата Скопје -Тетово – Гостивар го доби кумановската фирма, Рапид Билд, во сопственост на Тони Кранфиловски. Кранфиловски сега вели дека нема ништо спорно во изградбата и апелира што поскоро да продолжи работата бидејќи имаат рокови до кога треба да ја завршат гтдбата. За изгрдба на оваа траса, Рапид Билд на Каранфиловски треба да добие 34 милиони евра, според тендерот на кој победи оваа фирма, а другите беа дискфалификувани оти не ги исполниле условите.
Фирмите на Каранфиловски, ги градат и другите две траси, и тоа Штип – Неготино, за сума од 18,6 милиони евра со вклучен ДДВ. И на овој тендер, дел од останатите заинтерсирани беа дискфалификувани. А во конзорциум со Гранит ја градат и Битола – Неготино за сума од 36 милиони евра.