На владина седница усвоен буџетот за 2018 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На триесет и седмата седница, што се одржа синоќа, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Беше донесен заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

На оваа седница владата го разгледа и усвои и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

На предлог на Министерството за финансии, владата на оваа седница го разгледа и усвои документот за Фискална стратегија на Република Македонија за 2018-2020.