На Ургентен почина момчето кое го удри струја додека се фотографираше на вагон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера во Ургентниот центар почина 15 годишното момче кое беше тешко повредено со изгореници од втор степен од струен удар.

Тој на 7 април во депото на Македонски железници, се качил на вагон цистерна со намера неговата 13 годишна другарка да го фотографира. Малолетникот се доближил до електричниот кабел кој бил под висок напон при што се здобил со изгореници.

Според МВР и пред два дена двајца малолетници во два одвоени случаја биле тешко повредени од струен удар во обид да се фотографираат качени на вагон на Македонски железници.

Двајцата се пренесени во Ургентниот центар во Скопје и се задржани на понатамошно лекување.