На типов луѓето му плаќаат за да им чепка со брич во очите (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бербер во кинескиот град Ченгду на своите клиенти, освен потстригувањето и бричењето, им нуди и по малку необична услуга, пренесува Metro.

Таа необична услуга вклучува чистење на очите со помош на брич. Тоа е традиционална пракса во Кина која во денешно време се користи сè помалку поради опасност од инфекции.

62-годишниот Џионг Гаову оваа техника ја научил во ’80-те години од минатиот век, а денес има во просек по осум муштерии неделно.

„На почетокот беше тешко, но со тек на време се опуштив. Едноставно мора да бидете многу внимателни“, вели тој.

За третманот наплаќа околу 10 евра по око, а неговите муштерии се прилично задоволни од услугата.

„Воопшто не е опасно. Моите очи се освежени после бричењето и ништо не им пречи“, вели 68-годишниот Жанг Тиан после третманот.

Со него се согласува и офталмологот Ку Чао.

„Пациентите се жалат на сувост на очите и непријатно чувство кога им се жлездите блокирани. Тој со своето бричење, веројатно, им помага на жлездите повторно да се отворат“, вели специјалистот за очи.