Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Царинските служби и граничната полиција на граничниот премин Табановце открија и запленија 100 килограми марихуана пронајдени во камион со бугарски таблички.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи возилото било запрено по оперативна сознанија дека пренесува дрога.
Камионот во којшто е пронајдена марихуаната го возел македонски државјанин, 66-годишен жител на валандовско Јосифово.
Засега нема информации која била крајната дестинација на нелегалната пратка од Македонија. Покрај марихуаната во возилото е пронајден и пиштол со рамка во која имало 6 куршуми и еден придушувач за истото огнено оружје. По претресот лицето е веднаш приведено и по документирање на случајот ќе биде предадено на ОЈО.