На Табановце се чека и до 30 минути


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Авто-мото Сојузот на Македонија.

Во соопштението се посочува дека на граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е од 15 до 30 минути, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно возачите треба да внимаваат на патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, а на самото место поставена е и соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ додаваат да се внимава и во клисурите и засеците каде е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.