Home Актуелно На Табановце и Богородица се чека од 15 до 30 минути

На Табановце и Богородица се чека од 15 до 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, јавуваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…