Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во 2020 година, протекоа информации дека Кристиано Роналдо бил еден од десетте среќници што резервирале место за новиот ѕвер на Бугати. Страстен фан на Бугати, но и колекционер на автомобили, Роналдо го избрал Чентодиеци за трет Бугати модел во неговата луксузна автомобилска колекција, пишува германски Билд.
Тоа е голема инвестиција, бидејќи автомобилот што го платил 9,5 милиони евра, денес многу веројатно вреди повеќе. Да потсетиме, ова е специјална серија базирана на Chiron, која му оддава почит на моделот EB110.
Придвижуван е од истиот 8.0 W16 мотор, но засилен со моќност од 1600 КС. Достигнува 100 км / ч за само 2,4 секунди, а не забавува до 425 км / ч.
Интересно е што Роналдо неодамна веќе купи реновиран Бентли Флајтинг Спар вреден четвртин милион евра оваа година, во кој што доаѓа на тренинзи. Најверојатно, тој ќе продолжи да доаѓа во Бентли, доколку, со оглед на недостатокот на гориво, не проба друг, малку поефикасен автомобил. Инаку, неговата колекција во моментов ги вклучува Ferrari F430, Lamborghini Aventador, најмалку два Bugatti, McLaren Senna, два Rolls-Royce, Porsche 911, Koenigsegg CCX, Bentley Continental GT Speed, Range Rover Sport SVR, Maserati GranCabrio и неколку Audi и Mercedes . И не само тоа, бидејќи сè уште е неизвесно дали тој е мистериозниот купувач на Bugatti La Voitture Noire, познат како најскапиот автомобил на светот.
Во секој случај, оваа инвестиција нема ни да се почувствува во буџетот. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе заработи 125 милиони долари пред оданочување оваа сезона, дополнителни 70 милиони долари од плата и бонуси, и уште еден милион од спонзорство и од неговиот бренд CR7.