На свет донесе девојче: Серена Вилијамс стана мајка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс и нејзиниот свршеник, основачот на „Редит“, Алексис Оханиан станаа родители на девојче.

Серена се породила во болница во Флорида, а пред извесно време, таа изјави дека тоа што ќе стане мајка нема да ја забави во нејзината амбиција и најави дека за скоро ќе се врати на тениските терени.

35-годишната тенисерка беше физички доста активна за време на целата бременост, велејќи дека за неа е многу да остане во форма.

Инаку Серена Вилијамс беше бремена 8 недели кога во јануари го освои Австралија опен.