На стари години завршува Висока спортска школа: На Вучиќ „му е криво“ што семестарот не го завршил со „десетка“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со својот студентски индекс, гордо потенцирајќи дека семестарот на Високата спортска школа го завршил со три десетки и една деветка.

„Жалам што не можев да се борам за десетка, немав време да присуствувам на вежбите, морав да помогнам за набавката на вакцини“, напишал на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ.