На српски начин: Возење Спачак со отворен покрив на снежни услови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Твитерџијата од Србија со Твитер „аватар“ Lowlander објави фотографија од својот пријател како го вози сопствениот автомобил и од него направи вистинска инстант атракција и хит на социјалните мрежи, без веројатно да има таква намера.

„Она кога снегот ти го искинал платнениот покрив, а ти мораш на работа. Мојот пријател Ацо“, напиша Твитерџијата во описот на фотографијата.

Фотката веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи, а многумина беа сомничави во нејзината автентична непосредност, па Lowlander објави уште една фотографија како доказ дека неговиот пријател навистина го вози Спачакот со отворен покрив држејќи чадор во едната рака.