Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тетовецот Славчо Блажевски (48) после 24 години поминати зад затворските решетки на КПУ „Идризово“, во февруари оваа година, беше амнестиран од затворската казна и пуштен на слобода.
Но, наместо после долгогодишното отслужување на затворска казна конечно да почне да живее спокоен живот на слобода, тој вели дека откако е ослободен поминува низ вистински пекол.
Без имот, без можност да изваде нова лична карта (старата се води на стара адреса каде што живеел со татко му кој ја продал куќата, па сега таму живее семејство кое се социјални случаи и поради тоа не може тој да биде корисник на социјална помош), без некој да го згрижи и да му даде шанса да почне нормален и човечки живот, во очај, Славчо буквално моли да го вратат зад затворските решетки, каде барем има покрив над глава и некаков оброк.
Извор: Телма