На скопјанец од дома му украле 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1 милион денари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминатиов викенд, поточно во саботата, 4 јули, во перодот од 19,30 до 21,45 часот во куќа во Скопје, непознато лице извршило тешка кражба. Крадецот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800 илјади евра, 60 илјади американски долари, 50 илјади швајцарски франци и еден милион денари.

Случајот, како што соопшти МВР, во саботата во 22,10 часот во СВР Скопје го пријавил Ш.И. (58) од Скопје во чија сопственост е куќата каде била извршена кражбата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.