Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
43-годишната манекенка Боби Билард во животот спискала над 87.000 евра на пластични корекции и операции за зголемување на нејзините гради со помош на силикони. Таа дури девет пати ги „полнела“ своите гради со силикони со цел да бидат што поголеми, за на крајот тоа да ѝ се удри од глава.
Билард после толку многу операции на градите, имала проблеми со здравјето до таа мера што била принудена да се подложи на хируршки зафат за отстранување на силиконите.
„Се чувствував како да имам отрови во своето тело. После две децении силикони во градите, мислам дека моето тело се одлучи да рече: Сега е доста“, изјавила Билард која првото зголемување на градите го направила на 18 години.
Со години се борела со здравствените проблеми, посебно со болките во вратот и грбот.
„Воопшто немав енергија, имав подочници, хронични болки во вратот и грбот, не мислев дека силиконите би можеле да бидат виновни за мојата лоша здравствена состојба“ – признала потресената манекенка која за помош им се обратила на корисниците на социјалните мрежи.
Дури таму сфатила за што станува збор и дека всушност имплантите се причината за нејзината лоша состојба.
„Потрошив повеќе од 87 илјади евра на силиконски гради за да изгледам подобро. Бев модел и од мене се очекуваше да изгледам добро, бев под голем притисок на околината“ – открила Билард.
Таа веднаш после отстранувањето на силиконите се чувствувала многу подобро.
„За прв пат после подолго време сум среќна и здрава“ – изјавила Боби за британскиот „Дејли Меил“.