На Шведска ѝ фали ѓубр


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминатава деценија Владата на Шведска има еден проблем кој го нема ниту една друга држава – недостаток на ѓубре.

Иако звучи чудно, сепак е многу реално и вистинито. Шведска го преработува сметот , поради што и останала и без него. Ѓубрето кое го фрлаат Швеѓаните завршува во печки каде се преработува во енергија. Швеѓаните се греат на ѓубре и го користат како замена за фосилно гориво.

Власите на сите нивоа во земјата се вклучени во тој процес,а жителите кои обожуваат да престојуваат во природа веднаш ја прифатиле идејата со која само ќе ја заштитат природата која толку ја сакаат.

Домаќинската во Шведска рециклираат дури 99 проценти од сметот. Од 38 проценти рециклиран смет во 1975 , сега Швеѓаните стигнаа до оваа неверојатна бројка. Поради тоа и земјата остана без смет и сега мора да го увезува. Најголем смет-ѓубре Шведска увезува од Норвешка. Во последните неколку години смет увезуваат и Гарманија и Холандија, но сепак, Шведска е далеку пред нив во тој поглед.