Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последно време „true-crime“ жанрот стана сè попопуларен меѓу пошироката публика која, се чини, сè повеќе ја привлекуваат злосторствата од реалниот живот и приказните кои стојат зад нив, отколку оние фиктивните од холивудските блокбастери.
Најновиот хит на Netflix е документарната серија под наслов „I Am A Killer“, која ги следи животните приказни на неколку осудени убијци во САД кои, поради своите крвнички злосторства, чекаат извршување на смртните казни и погубување.
Секоја од десетте епизоди се занимава со друг убиец кој открива што направил и како дошол до тоа да биде осуден со смртна казна.
Осуден на смрт на 17 години
Еден од нив е Мигел Ангел Мартинез, кој на 17 години бил најмладиот човек во Тексас осуден на смртна казна.
Мигел (фото најгоре) во 1991 година, во еден „сатански поход“ со своите пријатели, го убил баптистичкиот свештеник Џејмс Смајли. Тој, 16-годишниот Мигел Венегас и 16-годишниот Мило Флорес, го убиле свештеникот и уште двајца младичи кои ги затекнале кај него. Зад себе оставиле три мртви трупа и крст свртен наопаку.
Сè започнало кога Венегас ги наговорил да ограбат некого и така дошле до куќата од свештеникот, а Венегас признал дека, сепак, таму ги наговорил да го убијат.
„Сатаната ги сакаше нивните души“
„Венегас имал мисија, а таа не била грабеж. Тој мислел дека е на мисија за Сатаната: Сатаната ги сакаше нивните души. Во тој момент се плашев од него“, раскажува Мартинез.
Кога сфатиле дека Смајли не е сам во куќата, Венегас рекол: „Повеќе души за Сатаната“.
Иако токму Венегас (на фотографијата погоре) бил тој кој се нарекувал „син на Сатаната“ и го организирал нападот, тој заработил „само затворска казна од 41 година“.
Од смртна казна го спасил само фактот дека во моментот кога го извршиле грозоморното злосторство, имал 16 години, додека Мартинез веќе имал полни 17. Флорес, кој целиот случај го открил на полицијата и признал дека оружјето го зеле од неговата гаража и дека тој ги возел другарите, но не учествувал во убиствата, воопшто не е осуден.
„Се налутив и си реков дека е подобро да убијам некого“
Интервју му е направено и на 54-годишниот Џејмс Робертсон кој на смртна казна е осуден откако убил друг затвореник по име Френк Харт.
Во текот на интервјуто Џејмс раскажал дека го убил Френк поради револт дека од затворот ќе ја искористеле секоја причина за да го затворат во самица.
„Знаев дека ќе го искористат секој изговор за да ме пикнат во самица. Било кој изговор. На крајот се налутив и си реков себеси дека тогаш е подобро едноставно да убијам некого. Го планирав тоа“, раскажува тој, а потоа смеејќи се додава: „Не чувствувам вина“.
„Би сакал да го вратам времето“
Третиот убиец кој е интервјуиран е Дејвид Луис, осуден за убиство на постара жена во чија куќа провалил. Тој изразува каење за стореното злосторство.
„Да можев барем да го вратам времето и да го променам сето тоа кое го направив. После долго размислување за тоа, сега најпосле знам што значи да се живее“, тврди тој.
Серијата која на Netfilx се појави пред нешто помалку од месец дена, го воодушеви обожавателите на гореспоменатиот жанр, а некои ја споредија со хит серијата „Making A Murderer“.