На „само“ 111 светлосни години од нас: Откриена нова планета на која може да има живот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Малку позната планета на оддалеченост од 111 светлосни години би можела да биде „зголемена верзија на Земјата“ на која е можно да постои живот, тврдат новите научни истражувања.

Егзопланетата позната како К2-18b е опишана како потенцијална „суперземја“ – голема планета со карпеста површина на која потенцијално може да има услови за живот, пренесува Independent.

Орбитира околу своја ѕвезда, што значи дека на нејзината површина би можело да има и вода во течна агрегатна состојба, што воедно е клучен фактор за постоење на живот онаков каков што го познаваме ние.

Планетата ја истражуваа научниците од Тексашкиот универзитет во Скарбороу и Универзитетот во Монтреал, користејќи податоци од Европската јужна опсерваторија (ESO).

Откриено е и дека оваа планета има свој сосед,  наречен К2-18с.

И двете планети орбитираат околу Црвеното џуџе К2-18, кое се наоѓа во соѕвездието Лав, на 111 светлосни години од Земјата.

„Огромен успех е тоа што можевме да ја измериме масата и густината на K2-18b, но тоа што откривме уште една планета е еднакво возбудлива среќа“, вели водечкиот автор на студијата Рајан Клотие, од Универзитетот во Монтреал.

Научниците истражуваа дали површината на новата планета е карпеста, како Земјината, или гасовита, како онаа на Нептун. За таа цел го користеа инструментот HARPS (High Accuracy Radial Velocity Planet Searcher), трагач на планети кој доста прецизно ја мери „радијациската брзина“ на ѕвездата, на која влијае присуството на планети.

Дознаа дека планетата најверојатно има карпеста површина со гасовита атмосфера, како Земјата, само што е многу поголема, но може да станува збор и за голема водена планета со дебела ледена покривка, така што се потребни дополнителни истражувања за да се утврди тоа.

Атмосферата на K2-18b дополнително ќе ја истражува вселенскиот телескоп на НАСА, James Webb, после лансирањето во 2019 година.

„Користењето на тој телескоп е доста комплицирано, па мора внимателно да бирате кои егзопланети ќе ги набљудувате“, вели ко-авторот на студијата, професорот Рене Дојон, исто од Универзитетот во Монтреал.

„К2-18b моментално е една од најдобрите планети за атмосферско проучување, па ќе биде во самиот врв на листата за такви анализи“.