Актуелно

На рочиштето за „Монструм“ се читаа нови нелегално прислушувани разговори

На новото судско рочиште кое денес во Кривичниот суд се одржа за случајот „Монструм“, се читаа транскрипти од нелегално прислушувани разговори во УБК во врска со убиствата на четирите деца и рибарот кај Смилковското Езеро во 2012 година.

Во првите разговори кои беа прочитани во судница разговараат непознати лица за јавноста, а еден од нив околу 21 часот веќе е информиран за масакорот, бидејќи на повеќемина соговорници им се јавува и им кажува дека е на работа и само што добил информација дека се убиени пет лица, пренесува Фокус.

Во сите разговори едно од првите прашања е дали убиените се Македонци или Албанци?

-Не се знае кои се, дали Албанци или Македонци, вели еден од соговорниците.

Друг соговорник прашува: Дали се Албанци или неверници?

Наредниот ден по убиството исто така разговараат непознати соговорници, кои меѓусебе разменуваат информации за можните мотив и сторители. Сите заклучуваат дека тоа што се случило е страшно и дека е тешко да се најдат сторителите.

-Нема да ги најдат сторителите, и да се наши треба да се расчисти, ова е страшно, вели еден од соговорниците.

Advertisements
To Top