На Реал му олесна: Конечно се најде клуб кој го сака Герет Бејл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид му соопшти на Герет Бејл дека нема да смета на него во следната сезона, но проблем за „кралевите“ е што не можат да најдат клуб за Велшанецот.

Бејл годишно заработува 17 милиони евра и не сака да се откаже нути од еден цент, па заинтересираните клубови се откажуваат бидејќи не се спремни да му дадат толкава плата.

Сега, „Сан“ пишува дека платата на Бејл наводно подготвен е да ја плати Баерн Минхен кој ќе го донесе велшкиот фудбалер како замена за Робен и Рибери.

Баварците биле подготвени да платат 350.000 фунти неделна плата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент. Бејл е спремен да се пресели во Минхен каде ќе има централна улога во тимот, откако имаше многу лоша сезона во Мадрид.

Од друга страна Реал има одлични односи со Баерн, па е спремен дури да го пушти на позајмица Велшанецот со право на откуп следното лето.