На Реал Мадрид вакво нешто во ЛШ не му се случило 15 години


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера во првото коло од Лигата на шампионите забележа убедлив пораз од ПСЖ со резултат 3:0, пишува Спортски.мк.

„Кралевите“ лошо ја отворија сезоната во Лигата на шампионите каде што традиционално се едни од главните фаворити за титулата. Иако ПСЖ вечерва не можеше да смета на Нејмар, Мбапе и Кавани, сепак дојде до сигурна победа.

ПСЖ успеа да слави со 3:0, а одличен натпревар одигра поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Анхел Ди Марија. Колку Реал вчера беше слаб најдобро покажува статистиката.

Имено, ова беше прв натпревар после сезоната 2003/2004 во Лигата на шампионите Реал Мадрид да немал ниту еден удар во рамките од голот. Со оглед на тоа дека во нападот на Реал играа Бејл, Азар и Бензема навистина овој податок звучи неверојатно.

После првото коло Реал Мадрид е на последното место во групата и пред нив се Клуб Бриж и Галатасарај со по еден, ПСЖ се наоѓа на лидерската позиција со три освоени бодови.

Коментари