Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешниот распит во рамки на случајот „Рекет“, во кој Боки 13 како обвинет се соочи со обвинителката Вилма Русковска, Јованоски одбил да даде исказ поради тоа што немал увид во доказите.
Боки 13, првоосомничениот за случајот Рекет по повеќе од два месеци откако е во притвор денеска со лисици на рацете од истражниот затвор во Шуто Оризари беше спроведен во обвинителство за организиран криминал и корупција. Требаше да одговори пред обвинителката Вилма Русковска каде заврши Луј Витон торбата со парите и која е поврзаноста на Катица Јанева со рекетот, но тоа не се случи. По еден час со полициска придружба го вратија назад, бидејќи одбил да даде исказ, пред да ги види доказите.. Неговиот адвокат Сашо Дуковски револтирано тврдеше дека Русковска направила негативен преседан во правосудството, истовремено носејќи решение дека истрагата е завршена.
На реакциите на Дуковски околу истрагата, од обвинителството преку соопштение информираа дека давањето исказ на осомничено лице не е процесно дејствие со што Јованосвки, велат, своја одбрана може да даде и во следните 15 дена додека вршат увид во доказите.
Инаку, и денеска адвокатот алармираше за здравствената состојба на Јовановски, која, според него, е животнозагрозувачка, а тоа никој од надлежните не го зема за сериозно..
Дека завршила истражната постапка утре на пладне ќе биде информирана и екс специјалната обвинителка Јанева која како третоосомничена ќе треба да даде исказ пред Русковска… Ова ќе биде нивно второ соочување, откако по првото минатитот месец, екс специјалната обвинителка беше уапсена.. Во случајот Рекет осомничен е уште и Зоран Милески Кичеец, кој според информациите од истрагата, се бранел со молчење.