Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Автомобилот „бритиш лејланд мини“ со лимонова боја, кој глумецот Руан Аткинсон го возеше во познатите серии и филмови „Мистер Бин“, се продава на аукција, за 60.000 долари.
Во првата епизода, автомобилот на Бин беше во портокалова боја, но тој е уништен на крајот од истата епизода. Од тогаш, Бин вози автомобил со лимонова боја и црна хауба.
На автомобилот од 1977. година не е променето ништо од снимањето, а во описот пишува дека со автомобилот следува и оригиналниот мотор, кој не е тестиран, како ни остатокот од механичките делови.
Освен овој автомобил, на аукцијата се продава и автобусот кој Сандра Булок го возеше во филмот „Брзина“, а за него потребно е да се издвојат 20.000 долари, пренесуваат медиумите.
На аукцијата за 1.700 долари е понуден и моторниот тестер од хорор филмот, „Тексашки масакр моторен тестер2“.