Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Само тројца од вкупно деветте потенцијални кандидати ќе влезат во трката за претседател на државата на 21 април.
Од ДИК потврдија дека само Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во предвидениот законски рок ги собрале потребните 10 илјади потписи.
Силјановска-Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ собрала 15.926 потписи, а Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, собрал 31.729 потписи. Блерим Река, поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, собрал 11.128 граѓански потписи. Пендаровски и Силјановска-Давкова имаат поддршка и од најмалку 30 пратеници.
Во тек е јавниот увид во избирачкиот список, кој е отворен за увид до 14 март во 24 часот.